Денот на полицијата, 7-ми мај денес беше свечено одбележан и во Битола, а СВР Битола со неколку настани го потврди значењето на овој ден за нив.
Традиционално денешните свечености започнаа со полагање на свежо цвеќе на спомениците на загинатите припадници на полициски сили во дворот на СВР Битола и на споменикот “Ангел“ во паркот кај Саат кулата.
Свежо цвеќе положија делагации на полицијата и претставници на полицискиот синдикат.
Членови на синдикалната организација на СВР Битола и оваа година ќе го посетат Домот за доенчиња и мали деца во Битола и донираа производи потребни за оваа институција.
По повод празникот на полицијата, Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола рече:
-Денес го одбележуваме денот на полицијата со низа активности, а како и секоја година започнуваме со положување на цвеќе на спомениците во дворот на полицијата и кај саат кулата. Потоа ќе донираме во Домот за доенчиња во Битола, а ќе ги имаме на гости во просториите на СВР Битола, најмладите битолчани, на кои ќе им покажеме дел од стредствата и автомобилите со кои располагаме, и заврши:
-На сите припадници на полицијата Секторот за внатрешни работи Битола, им го честита денот на македонската полиција и им посакуваме да бидат професионални како што биле и досега на висината на задачите.
Инаку, 7-ми мај се празнува како ден на македонската полиција, во знак на селските чети кои го обезбедувале Смилевскиот конгрес во 1903 година, кога е донесена одлуката за кревање Илинденското востание.






