Press "Enter" to skip to content

Скијачкиот клуб Пелистер се збратимува со скијачкиот клуб Алпетур од Шкофја Лока-Словенија (фотогалерија)

По три години раговори и преговори и три дена дефинирање на обврските на двата клуба, денес во 14 часот во просториите на Словенечката амбасада во Скопје, ќе се потпише меморандумот за соработка помеѓу СК Пелистер и СК Алвепур.

Скијачкиот клуб Пелистер од денес ќе има партнер од Словенија, скијачкиот клуб Алвепур од кој ќе ја има целосната поддршка на неколку полиња, се со цел развој на клубот и враќање на СК Пелистер на врвот на македонското скијање.

Ви присуство на словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, за Пелистер потпис на меморандумот ќе стави преседателот Наум Симјановски, а за Алвеур, во име на претседателот Јака Матек, претставникот на клубот, Јанес Деклева.За почетокот на соработката помеќу двата клуба Симјановски вели:

-Со Јанез Деклева бевме младински скијачки репрезентативци на Југославија, некогаш и цимери, а пред три години имавме случајна средба на Јахорина и таму падна првиот договор за соработка. Соработка ќе биде во насока на создавање на силен клуб преку едукација на тренери, соработка на организационен план, соработка при меѓусебни посети, се во еден правец, Пелистер да биде пример за скијањето во Македонија, и да биде лидер во секој поглед. Пелистер има соработка досега со СК Триглав, а и тие денес ќе бидат на потпишувањето во Скопје, а тоа значи дека не се откажуваме ни од старите пријатели. Јанез Деклева не го криеше задоволството од новата соработка која денес ќе биде официјализирана, а за меморандумот вели:

-Ова ќе биде само ставање на хартија на она што претходно е договорено. Ќе има соработка како прво, на релација тренер-тренер, а потоа ќе следува другото, а за исполнување на се што е договорено ќе треба трпеливост од двете страни. Јас како искусен во овој спорт мислам дека ќе поминат 5 или 6-7 години за да ги видиме првите резултати, односно некој скијач од Пелистер да биде забележан на скијачките патеки. Пелистер го има скијачкиот центар, ја има инфтаструктурата, ги има своите простории, со еден збор има спортска сала во природа. Останува да повторам не чека силна работа, а оние родители кои ќе застанат зад своите деца треба да имаат многу трпение.

Со меморандумот се предвидума како прво размена на искуства во тренажен процес, приклучување на деца кон тренажниот процес на Алпетур, а секако и присуство на натпревари во младите категории и комплетна помош при престојот во Словенија.Во тренажниот процес во летно време од мај до октомври ќе му се посвети поголемо влијание, а заедно ќе се планира и скијањето на глечер, а тука Пелистер ќе понуди помош за престој на скијачите во Тињ, Франција, каде работи и тренерот Стојановски.

На средбата во Битола станало и збор за ски-бордерите на Пелистер кои исто така најдоа свое место во договорот. За нив е обезбдена стручна помош од страна на словенечкиот ски-бордер, Демсар Јернер.Членовите на управата на Пелистер, Митко Милевски и Коче Мушуланов, на гостинот од Словенија му го покажаа Пелистер, со се што нуди како искористен и неискористен планински потенцијал, а гостинот посебно се воодушевил од снегот кај Ловечка куќа, кој ги има во изобилие и во овој период.

-Вие имате свој глечер, а тоа е овој простор, кој сега во мај има 2-3 метри снег, вам ви треба само еден престој на глечер годишно. Ова е голем потенцијал и мора да се стави во функција, рече Деклева.

С.Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »