Press "Enter" to skip to content

“Фармацевтите“ ја заслужија радоста, и аплаузите, и селфито, и пивото, и песната (фотогалерија)

Кога стартуваше оваа ракометна сезона, амбициите на ракометниот клуб Еурофарм Работник, кои и тие некако срамежлија ги покажуваа, дека сакаат второ место на табелата, најголем број познавачи на ракометот ги слушаа со недоверба.Да се “брка“ второ место покрај два големи ракометни клуба, Вардар и Металург, кои доминираа во македонскиот ракомет, изминатите десетина години, беше голема дрскост. Но, како одминуваа месеците, колата, полусезоната, групната фаза од ЕХФ, ангажирањето на Алушевски, за “фармацевтите“ желбата, полека стануваше поблиска, а вечерва и реалност.Ракометарите во двата натпревари од плеј-офот го победија директиот противник, екипата на Металург, во Скопје и Битола, а ги дели само мал чекор до второто место, и играњето идната сезона во квалитетната СЕХА лига.По убедливата победа на Еурофарм Работник вечерва, ракометарите заслужено се радуваа на терен, а и аплаузите кои им ги упатија 2.000 навивачи беа сосема заслужени и искрени, а и аплаузите од противникот.Екипата на Еурофарм Работник радоста и славењето го продолжија во соблекувалната, по “селфито“ кое секогаш го прави претседателот на клубот Зоран Штерјев со ракомерите, тој им подели и пиво, за да го прослават големиот успех за нив и клубот.Во соблекувалната покрај ракометрите и стручниот штаб беа и оние кои со нив се секојдневно и на секој натпревар, без разлика каде играат, Бојан кој беше еден од најсреќните и Горан кој е дел од оваа ракометна експедиција, а на трибините останаа да се радуваат Татјана, Тркачо, Душко, Марија…Секако фотографиите и снимките веќе Бојан ги има “доставено“ кај еден од спонзорите, сопственикот на ГП “Пелистер“, Силјан Мицевски, и кој сигурно се радува на овој успех.Нам ни останува само да им го честитаме големиот успех на овој млад ракометен колектив и да им посакаме успеси и во новата сезона.

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »