Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“ од Битола и Општина Битола успешно заврши 9. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2019“. Во дводневните натпревари учество зедоа 34 екипи од нашата држава, Хрватска, Италија, Србија, Косово, Албанија и Бугарија во категориите: момчиња родени 2003, девојки родени 2006, микс-екипи родени 2006/07, микс-екипи родени 2008/09, ветерани 45+ и ветеранки 40+. Натпреварите се одиграа во 6 спортски сали низ Битола.
Во категоријата ветерани (45+) љубителите на кошарката во Битола имаа можност да уживаат во мајсториите на прославениот поранешен југословенски кошаркар, а подоцна и хрватски селектор Џузепе „Пино“ Џерџа кој настапи за ветераните на КК „Воштарница“ од Задар.
На овој турнир за прв пат учествуваа екипи од Италија, Косово и Албанија.
Категорија момчиња родени 2003: ПЛАСМАН
- КК „Воштарница 1“
- КК „Пелистер АД“
- КК „Башкими“
- КК „Пробаскет“
- КК „Воштарница“
- КК „Младост“
НАЈДОБАР ИГРАЧ: ЛОВРЕ ТАДИЌ (КК „Воштарница 1“)
Категорија девојки родени 2006: ПЛАСМАН
- ЖКК „Локомотив“
- КК „Воштарница/Младост“
- ЖКК „Пробаскет“-Пробиштип
- КК „Трокал“-Кавадарци
- КК „Јуниор“-Битола
НАЈДОБАР ИГРАЧ: ЦВЕТИНА ПОПОВА (ЖКК „Локомотив“)
Категорија микс-екипи родени 2006/07: ПЛАСМАН
- KK „Воштарница“
- КК „Младост 2007“
- КК „Јуниор“
- КК „Трокал“
- КК „Младост 2006“
- 6.КК „Пробаскет“
НАЈДОБАР ИГРАЧ: АНТОНИО ПАВИН (КК „Воштарница“)
Категорија микс-екипи родени 2008/09: ПЛАСМАН
- KK „А.С. Подензано“
- КК „Јуниор“
- КК „Воштарница“
- КК „Локомотив“
- КК „Младост“
- КК „Пробаскет“
- КК „Трокал“
НАЈДОБАР ИГРАЧ: МАТИЈА БОРГОЊИ (КК „А.С. Подензано“)
Категорија ветерани 45+ ПЛАСМАН
1.KK „Воштарница“
2.КК „Пелистер“
3.КК „Штип“
4.КК „Здравље“
5.„Basket boys“
6.КК „Ровињ“
7.КК „Струмица“
НАЈДОБАР ИГРАЧ: ЏУЗЕПЕ „ПИНО“ ЏЕРЏА (КК „Воштарница“)
Категорија ветеранки 40+ ревијален натпревар
1.Екипа Битола/Тетово/Скопје
2.КК „Младост“
-Прв пат сум во Битола. Воодушевен сум од градот и од организацијата на турнирот, посебно дружењето меѓу играчите. Задоволен сум и од нашиот настап и пласман на овој турнир иако имавме кратко време за подготовки-изјави Бруно Топи, член на ветераните од Корча, Албанија.
-Ние доаѓаме од мало гратче во Италија. За прв пат доаѓаме на овие простори и учествуваме на турнир. Прекрасно поминавме, ја видовме Битола и задоволен сум од организацијата на турнирот-изјави Јордан Колевски, тренер на „А.С. Подензано“ од Италија.
Во експедицијата од Италија имаше 20-тина родители кои со разни навијачки реквизити, типично за италијанските „тифози“, ги бодреа своите кошаркари.
В. Прчков






