Press "Enter" to skip to content

По повод Денот на победата одржана манифестацијата “Бесмртен полк“ на Широк Сокак (фотогалерија)

По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, на плоштадот “Магнолија“ и по Широк Сокак во Битола беше организирана манифестацијата “Бесмртен полк“.Во организацијата на “Бесмртен полк“, беа вклучени студентите на Свавјанскиот универзитет “Г.Д. Державин“ од Битола, студентите од нивните партнерски универзитет од Тамбов, Руска Федерација, како и Регионално здружение за македонско – руско пријателство „А. А Ростковски“ и Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство.Манифестацијата започна пред просториите на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола каде беше поставена изложбата “Бесмртниот полк“, а пред присутните зборуваше претседателот на Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство, проф, д-р Јордан Ѓорчев, кој ги поздрави гостите и зборуваше за големата победа над фашизмот.Подетално за ужасите на војната, жрвтите и придобивките зборуваше на амбасадата на Руската федераци во нашата државата.Претставникот на Славјанскиот универзитет во Битола, Игор Михајловски, ги повика присутните да оддадат почит со едноминутно молчење, и во знак на победата пиштија стотици балони во небото.Потоа се продолжи со дефиле по Широк Сокак се до споменикот на Револуцијата пред Центарот за култура во Битола, каде заедно со другите присутни положија свежо цвеќе.По положувањето на цвеќето на споменикот студенти од универзитетот од Тамбов, Руска Федерација одржаа концерт на “Магнолија“.Манифестацијата беше поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија и од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола.

Текст и фото: С. Ристевски