Денес во просториите на Правниот факултет во Битола во организација на ДСУ спортска академија Битола беше одржан настан од областа на спортската психологија, како предуслов за успех во спортот.
-Спортската психологија како наука која ги спојува спортските науки и психологијата е област која добива на значење последните години. Се повеќе се истакнува важноста и потребата од спортски психолози кои им помагаат на спортистите да ги развијат менталните вештини потребни за постигнување на врвни резултати и емоционална стабилност. Спортските психолози често се соочуваат со проблеми на слаба концентрација, натпреварувачка анксиозност, ниска самодоверба, ниска мотивација, прегорување на спортистот (burnout), поддршка при повреди и рехабилитација… беше речено денес.
Говорници беа Марија Неновска лиценциран психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија, професор по психологија во ДСУ спортска академија и Наташа Бекирова лиценциран психолог, системски и семеен терапевт.

Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола одбележани 123 години од смртта на Гоце Делчев – македонски револуцион и деец
- СВР Битола: приведени две лица се дрогирале на јавно место, битолчанец возел без возачка, тешко повреден моторциклист,
- Претприемничката недела за поттикнување на стартапи и мали и средни претпријатија на ФИКТ Битола (фото)
- Во Битола сончево, температурата до 14 степени
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)





