Синоќа во културниот центар “Магаза“ бешр отворена изложбата “30 години планинарски марш во чест на Димитар Илиевски – Мурато, кој на 10 мај 1989 година, го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест, но за жал не се врати, туку остана вечно во хималајските беспаќа.
-Изложбата е во чест на 30 години (1989 – 2019) од освојувањето на Монт Еверест од страна на нашиот планинар Димитар Илиевски – Мурато и 30 години организација на меморијалниот марш во негова чест од страна на планинарско спортскиот клуб Пелистер. Изложбата содржи фотографии од организацијата на маршот и искачувањето до врвот Пелистер, како и чествувањето на платото пред планинарскиот дом Копанки, рече претседателот на ПСК Пелисте, Диме Попов.
ПСК Пелистер додели и благодарници на семејсвото на Димитар Илевски-Мурато, на општина Битола, пунктот “Антена“ на МТВ, на поединци и на планинарски клубови од Битола.
Инаку, маршот во чест на освојувањето на Монт Еверест од Димитар Илиевски Мурато, кој е е во организација на ПСК Пелистер ќе се одржи утре, сабота, а ќе биде положено и цвеќе на споменикот на Мурато на Копанки.

Отворена изложбата 30 години планинарски марш во чест на Димитар Илиевски – Мурато (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





