Викендов во организација на Правниот факултет, во хотелот “Милениум“ во Битола, се одржа меѓународната научна конференција на тема „Кон подобра иднина: Демократија, ЕУ интеграции и криминална правда“, на која учествуваа и дебарираа 150 учесници од целиот свет.
На отворањето на конференцијата свои обраќања имаа ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, деканот на Правниот факултет, проф.д-р Горан Илиќ, и раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа на Правниот факултет, доц.д-р Ангелина Станојоска.
-Универзитетот е институција која што треба да е носител на тие евроинтеграциски процеси поради капиталот што го поседува,стручниот, научниот и демократскиот капитал. Демократијата од институциите треба да се прелее во општеството, рече проф. др Сашо Коруновски, ректор на УКЛО-Битола на отворањето на оваа меѓународна конференција.
-Демократијата, криминалната правда и евроинтеграциите се процеси кои се исклучително значајни на патот на Македонија кон Европската унија, а демократијата е се уште систем кој што не е постигнат, се уште не е затворен и завршен систем. Криминалната правда претставува дисциплина на правото што се занимава со превенција и сузбивање на криминалот и сите елементи кои што правниот систем на една демократската држав треба да ги поседува дефинитивно да влезе во борба со крималот и намалување на стапката на криминалитет во општетството, рече проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правен факултет-Битола.

Правниот факултет организира меѓународната научна конференција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)





