Управниот обор на КК Пелистер на кој присуствиваа сите членови, вечерва одржа седница со една точка на дневниот ред.
Како единствена точка на дневниот ред беше утрешното собрание на македонската кошаркарската федерација, на која ќе се избора нов претседател.
По оваа единстена точка на дневниот ред сите присутни членови на Управниот одбор на КК Пелистер, едногласно изглааа на утрешното собрание да ја поддржат кандидатурата на Перо Антиќ за претседател на Македонската кошаркарска федерација.






