Новаци – Пелистер 0:2 (0:2)
Екипата на Пелистер од Битола во рамките на 9. коло од Втората фудбалска лига на Македонија гостуваше во Новаци каде ја победи истоимената екипа со резултат 0:2, полувреме 0:1.
Пелистер дојде до водство во раната фаза на натпреварот, уште во 10. минута. Ивановски одлично проигра меѓу двајца противнички фудбалери, а Христов ја затресе мрежата на Новаци за водство на Пелистер од 0:1. Пред самиот крај на првото полувреме, битолчани го поставија конечниот резултат. По слободниот удар на Мирчевски, дефанзивецот Гроздановски беше највисок во скокот и со удар со глава зголеми на 0:2.
Во второто полувреме Пелистер ја контролираше играта и предноста и на крај битолчани рутински ја завршија задачата до победа.
Со оваа победа тимот на Пелистер и по девет одиграни кола останува без пораз и се наоѓа на второто место на табелата со 21 бод, еден бод помалку од лидерот Охрид.









