Press "Enter" to skip to content

Студенти од Правниот факултет на “pre moot court“ натпреварот за симулации во  Србија (фото)

Новата генерација студенти од “moot court“ клубот “Titus Flavius Orestes” од учествуваат на “pre moot court“ натпреварот за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права, кој се одржа во Ниш, Република Србија, во организација на тамошниот Правен факултет.Студентите Џули Шутеска, Викторија Дамеска и Димитар Врглевки – како апликант и Дарко Фармакоски, Златко Мариноски и Влатко Трповски – како респондент, во групата “А“ остварија две победи, и со само еден поен помалку останаа на второто место.

Во натпреварот за третото место, тимот оствари една победа и еден пораз, со што се пласираа на четвртото место од шест екипи учесници.Студентите работат под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.

Овој натпревар ќе им послужи на студентите и на клубот во подготовките за “ФУТУРА“ натпреварот кој следи во октомври годинава.На натпреварот уште учествуваат и екипи од правните факултети во Ниш, Крагујевац, Бања Лука и Штип.

Mission News Theme by Compete Themes.