Press "Enter" to skip to content

Светскиот ден на слободата на медиумите обележан со крводарителска акција во неколку града во Македонија

Четврта година по ред ССНМ го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со крводарителска акција во Битола, Охрид, Скопје и Струмица.Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите.Поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани се одзваа на четвртата по ред крводарителска акција и донираа крв на повеќе локации и тоа во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО „Даре Џамбаз“), како и во Клиничките центри во Охрид, Струмица и Битола.Александра Ристовски од Црвениот крст на Град Скопје и вработените во центарот за дарување крв се заблагодарија за иницијативата.-Тоа што вие го правите е навистина многу важно за нашата работа, важни се ваквите иницијативи бидејќи вие всушност организирате еден начин на спасување живот и сте дел од хуманитарната мисија на Црвениот крст беше речено.

More from ВестиMore posts in Вести »