Press "Enter" to skip to content

Битола ќе биде покриена со видео надзор

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  оствари работна средба во реконструираниот објект со раководството на Секторот за внатрешни работи Битола, по што се сретна и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, како и со претставници на општинскиот совет и советот за превенција.

По средбата во кабинетот на градоначалничката имаа и заедничка сдедба со новинарите.

Министерот Спасовски се осврна и на безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола оценувајќи ја како мирна и стабилна и посочи дека гледано во споредба со претходните години, евидентен е позитивниот тренд во работењето на СВР Битола.-За илустрација сакам да посочам дека по однос на криминалитетот од вкупно евидентираните 3037 кривични дела по разни области на подрачјето на СВР Битола реализација та е 36 отсто во споредба со 3.263 дела во 2017 кога реализацијата била 31 процент. Всушност лани нашите колеги од СВР Битола постигнале најдобри резултати во борбата со криминалот споредбено со петте години претходно. Таквиот позитивен тренд веќе е задржан и годинава така што например минатиот месец од вкупно регистрираните 185 кривични дела процентот на реализација изнесува 56 отсто, истакна Спасовски.

На средбата со битолската локална самоуправа и советот за превенција било разговарно за сите прашања од взаемен интерес, посебно во поглед на соработката, односно продлабочувањето на комуникацијата и заедничките активности помеѓу граѓаните и полицијата, како и за прашања во делот на сообраќајот за кои што во наредниов период полицијата и локалната самоуправа ќе работат заеднички за нивно подобрување и решавање.

-На средбата со градоначалничката Петровска заедно со началникот на СВР Битола е се донесени повеќе заклучоци, а како задача која си ја зададовме со градоначалничката и началникот на СВР Битола е да стапиме во подготовка на еден проект за озбезбедување на градот преку видео надзор. Тоа ни е задача која ќе ја реалзираме во наредниот период, очекувам дека сите ќе бидеме максимално ангажирани во овој правец, рече Спасовски.

Градоначалникот на Битола Наташа Петровска, изјави дека синхронизирано тече соработката со МВР преку општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, Советот за превенција за детско престапништво, како и други начини за сообраќајна безбедност и превенција во градот.

-Обезбедувањето на поголема безбедност на граѓаните е една од главните задачи на локалната самоуправа и на МВР со кои дефиниравме конкретни чекори за следниот период со што нашата соработка се продлабочува, рече градоначалничката Петровска

Работната посета и средба со раководството на СВР Битола е по повод целосното завршување на санациските работи на објектот на оваа организациона единица при МВР, вредни околу 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на министерството.

Mission News Theme by Compete Themes.