Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите го победија Шкупи во Скопје

Шкупи – Скопје 89:93 

Спортска сала “Чаир“, гледачи 100

Судии: Крстевски, Лазов и Петровиќ

Шкупи: Мифтари, Стојменов 21, Хот 15, Деловски 16, Форд 17, Колев 8, Димитриевски 6, Ѓорѓески 6, Саити, Шаини, Мицевски.

Пелистер: Давков 10, Атанасовски 20, Голубовиќ 18, Талевски 10, Харис 23, Арсовски 7, Трајковски 2, Обедниковски 3, Соколовски, Атанасовски. 

Кошаркарите на Пелистер во завршницата на оваа кошаркарска сезона, во натпреварот од 8. коло на гостувањето во Скопје ја победија екипата на Шкупи со резултат 89:93.

“Пелистерци“ добро го започнаа натпреварото и на крајот од првата чествтина имаа предност од 9 поени, 15:24, а разликата ја направија на почетокот. Втората четвртина помина резултататски изедначено, а на одмор Пелистер замина со 38:45.

Третата четвртина беше израмнета 28:28, а во последнаат домаќините се обидоа да спасат нешто ако се може, но кошаркарите на Пелитер не дозволија победата да остане во Скопје.

Пелистер утре во 12 часот во Битола го игра последниот натопревар оваа сезона, против Фени Индустри.

More from СпортMore posts in Спорт »