Врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на лицето Д. Г. (34) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 “недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од Кривичниот Закон.
При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени:еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар 7. 65 мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.
За настанот е известен надлежен обвинител од ОЈО Битола.