Продолжува афирмацијата на ПЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство “Плодност“ од нашиот град на меѓународен план, а овој пат успешно беше претставена во Србија на конгрес на радиолозите и техничарите по нуклеарна медицина.
Радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, вработена во Болница “Плодност“, учествуваше на конгрес организиран од страна на Здружението на радиолошки техничари и техничари на нуклеарна медицина од Србија со меѓународно учество, кој се одржа во Златибор.
На овој конгрес таа имаше своја презентација пред стручната јавност на тема: Галактографија-процедура за приказ на канален систем при патолошки исцедок од дојка (заборавена алка или не), во процесот на дијагностика на болести на дојка.
Нејзината презентација беше одлично прифатена, а за овој труд Јованоска доби соодветен број на поени и сертификат.
Заложбата за постојана надградба на стручниот кадар во болница “Плодност“ во служба на квалитетот кој им се нуди на пациентите е главен императив на менаџерскиот ти на Болница “Плодност“.

Меѓународна презентација на болницата “Плодност“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)





