Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот Битола Широк Сокак организира трибина за меѓуврсничко и виртуелно насилство (фото)

Ротари клубот Битола Широк Сокак, беше организатор на јавна трибина со наслов: “НЕ, за меѓуврсничко и виртуелно насилство“, а јавната трибина се одржа во Амфитеатарот на Технички факултет- Битола.Целта на јавната трибина беше да се информираат и едуцираат родителите,  наставниците и учениците од Основните училишта во Битола да ги препознаат знаците на меѓуврсничко и виртуелно насилство и да преземат конкретни мерки за заштита.Говорниците д-р Аница Златевска- психолог, м-р Елизабета Талевска- педагог, проф. д-р Томе Димовски- ФИКТ и претставниците од СВР- Битола, имаа свои излагања, кои поттикнаа интерес и дискусија кај пристуните во насока на изнаоѓање на бројни решенија за постојниот и актуелен проблем со меѓуврсничкото и виртуелното насилство

Идејата за организација на настанот произлезе како резултат на сознанијата дека ерата на Интернет, претставува основна алатка за работа и незаменлив канал за комуникација, но, сепак, носи со себе и извесна доза опасност.Насилството врз децата во виртуелниот свет и во училиштата е присутно, но најчесто останува непријавено поради страв и недоволна информираност на родителите и наставниците. Сајбер-насилството е многу честа појава, со оглед на тоа дека децата и младите се најзастапената популација на Интернет и социјалните мрежи, па затоа тие се и најчеста жртва. Особен проблем е затоа што меѓуврсничкото насилство се случува и надвор од училишните клупи и надвор од училишните часови.Доколку не се обрне внимание на знаците на врсничкото насилство и не се детектираат навреме може да дојде до сериозни последици.

More from ВестиMore posts in Вести »