Press "Enter" to skip to content

Наместо градско ракометно дерби, доминација на Еурофарм Работник (фотогалерија)

Пелистер – Еурофарм Работник 25-31 (9:16)

Наместо градско ракометно дерби, како очекуваа битолските љубители на ракометот, и последната градска пресметка, беше доминација на ракометарите на Еурофарм Работник кои не му оставија ни малку простор барем да се понадеваат на поволен резултат. Ракометарите на Еурофарм Работник предводени од Стевче Алушовски не оставиja ништо на случајност и уште од самиот почеток тргнаа моќно,  а по почетните 2:2, дојдоа до 2:5, а потоа и до убедливи 2:10. Потоа “пелистерци“ заиграа поангажирано, но сепак не успеаја значително да се вратат во игра, затоа што на полувреме се заминаа со негатива од -7 (9:16).И во вториот ден не се промени ситуацијата, Еурофарм ја полнеше мрежата на Пелистер, во 50 минута беше 11 гола разлика (16:27), за на крај да биде пристоен пораз од шест гола разлика 25:31.Најдобри стрелци кај Еурофарм беа Филип Кузмановски со седум голови, а по четири постигнаа Радовиќ, Остроушко и Ојлески.Кај Пелистер се истакна Стефан Дрогришки со четири погодоци.За Еурофарм остануваат уште средби со Вардар и Бутел, а Пелистер ќе игра против Вардар и Пролет.

More from СпортMore posts in Спорт »