Сезоната 2018/2019 за кадетките на Пелистер Волеј е завршена, а викендов тие во рамките на кадетска државна лига го играа разигрувањето за пласман од 5. до 8. место.
Во првиот натпревар против екипата на Фит Фан Волеј беа поразени по сетови со 1:2 (25:23; 19:25; 14:16), а во вториот натпревар ја победија екипата на Вардар со резултат 2:0 (25:23; 25:22). Кадетската екипа на Пелистер Волеј го освои 7. место во конечниот пласман во оваа категорија.
-Во првиот меч бевме совладани од Фит Фан Волеј од Скопје, кога и прокоцкавме неверојатен резултат во третиот сет (при 1:1 во сетови) 13:08 за Пелистер Волеј кога со пресврт, противничката екипа победи тесно со 16:14. Во вториот натпревар, се играше доста постабилно и нашите девојки ја добија екипата на Вардар со максимални 2:0, велат од Пелистер Волеј.
За тоа дали ги остварија амбициите кои ги имаа тие додаваат:
-Иако очекувањата беа повисоки, не сме разочарани и свесни сме дека вкупениот пласман на 7 позиција не е максималниот дострел на оваа генерација. Нема време за губење, оваа генерација заради смена на генерациите, за само неколку месеци ќе заигра во младинската лига, па во периодот што следи ќе се посветиме на уште повеќе работа и зајакнување на сите позиции.






