Press "Enter" to skip to content

Двајца битолчани репрезентативци на велосипедската трка во Албанија

Битолчаните Николче Дамјановски и Маријан Тасевски, членови на велосипедскиот клиб “15 мај“ од Битола, се дел од македонската велосипедска репрезентаџија која учествува на 76. по ред велосипедска трка “Тур де Албанија“. Тие се заедно со уште еден битолчанец, Африм Јусуфи, кој е тренер на репрезентацијата.-Вчера се возеше трка во должина од 150 километри, а да бидам искрен, ние како тим очекувавме само Андреј Петковски ќе се ја заврши трката, но сме пријатно изненадени од останатите четворица кои заедно со Андеј, како група влегоа во целта, вели Африм Јусуфи, кој за самата трка ни рече:

-На околу 80 километри на спуст имаше тежок инцидент, неколку велосипедисти паднаа, а во тоаа група се најдоа и двајцата битолчани Николче и Андреј, но за среќа поминаа со мали повреди, за разлика од другите, ја продолжија трката и ја стигнаа македонската група.Инаку, покрај битолчаните во репрезентација се уште Кирил Марковски, Андреј Петковски и Христијан Ванчевски, селектор Марјан Петковски, и како тренер е и Сашо Ванчевски.

More from СпортMore posts in Спорт »