Press "Enter" to skip to content

Тренинг и забава пред “Hamachi Pelister Downhill Cup#7“ на патеката “Копанки“ (фотогалерија)

“Extreme bike team Bitola“ оваа трка ја најавуваат како најекстремниот и највозбудливиот спортски настан во Македонија за 2019 година.Викендов на патеката “Копанки“ каде ќе се одржи “Hamachi Pelister Downhill Cup#7“ се одржа официјален тренинг на кој возачите ја извозија екстремната патека од Копанки до Детското одморалиште, која во изминатиот период беше комплетно подготвена по сите стандарди за одржување на една трка од ваков вид.“Hamachi Pelister Downhill Cup#7“ ќе биде балканска трка, а ќе се одржи на 1 и 2 јуни, а организаторите од “Extreme bike team Bitola“ најавуваат дека ќе биде најдобрата трка која ќе се случи на годинава на Балканот.Битолските возачи имаа и официјален тренинг, одлично возење, одлично време, а потоа за крај на денот на Пелистер и забава со DJ GOX, Горјан Главески.Забавата, како “afterparty“ се одржа во бараката на скијачкиот клуб Пелистер, која се наоѓа веднаш над жичарата.Возачите на своите велосипеди, специјализирани за овој спорт, порачаа: нашите усвитени страсти и непокорливи мераци за Точакот, во планина, ќе траат само мал дел од вечноста, ЦЕЛ НАШ ЖИВОТ!!!Низ фотографиите кои ни испрати, Андреј Нашоку, од официјалниот тренинг и забавата ви ја пренесуваме атмосферата на Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »