Press "Enter" to skip to content

Кугларскиот клуб Пелистер формира и женска екипа

Една акција не неколкумина вљубеници во спортот, а посебно во куглањето, да се “приберат“ во кугланата во спортската сала, каква и да е, учениците талентирани за куглање, вроди со плод. Во кугланата поминаа многу деца, а организаторите “Кугламе и сме среќни – 2018“ во салата донесоа и женски кугларки.

Големиот талент кај нив и желбата да куглааа доведе до друга идеја, кугларскиот клуб Пелистер да формира натпреварувачка женска екипа. 

Според зборовите на Игор Михајловски таа идеја, кој пред една година била само во главите како желба, сега има и реализација.

-Добивме прв женски клуб од Битола кој ќе граби европска слава во наредните 5 години. Клуб кој има голем потенцијал. Сакам сега кога оваа идеја ја има и својата завршница да им се заблагодарам на сите кои директно или индиректно помогнаа да се реализира една убава и племенита идеја, а актовностите на женскиот кугларски клуб, а секако и на машкиот, за скоро ќе бидат достапни за сите, ќе се промовира и веб страница на клубот.

More from СпортMore posts in Спорт »