Вардар – Пелистер 26:30 (14:16)
“Вардарци“ како домаќини во рамките на 9. коло од плеј-офот, настапија со кадетска екипа со оглед на тоа што за една недела ги очекува Ф4 турнирот во Келн од Лигата на шампионите, а со ваква постава бодовите отпатува за Битола, а се книжат на салдото на Пелистер.
Битолчани славеа со 30:26 во меч во кој во најголемиот дел беа во предност.
Домаќинот одржуваше резултатски приклучок до 15. минута од првиот дел, кога се играше гол за гол до резултат 6:6, а следуваше серија на Пелистер за 6:9, а со крајот на првиот дел беше 14:16.
Ракометарите на Пелистер уште на стартот од вториот дел го одлучија прашањето на победникот, кога направија +5, а потоа предност ја одржуваа до крајот на натпреварот.
Пелистер во следното коло, в среда ќе го пречека Пролет.






