Press "Enter" to skip to content

На првото деби, Тамара Талевска, државен кадетски првак во куглање (фото)

На  дводневното Државно кадетско првенство во куглање во машка и женска категорија, кое се одржа во Скопје, битолските кугларски кадети на Пелистер се претставија во одлично издание, а од вкупно шест медали кои беа доделени пет заврши на нивните гради.Државен првак и освојувач на медал во кадетска категорија е битолчанката  Тамара Талевска  со вкупно соборени 894 дрвца.Кај девојките второ место го освои Стефанија Алексовска исто така од КК Пелистер T&С Холдинг, со соборени 880, а трета заврши уште една битолчанка Емилија Переска со соборени 848 дрвца.Кај момчињата второпласиран заврши Александар Младеновски (874 кегли) од КК Пелистер 1982), а трет беше неговиот клупски другар Архан Арслановски (825 кегли).Тренерите на кадетските екипи на Пелистер Цане Крстевски и Игор Михајловски не го криеја задоволството по враќањето во Битола со пет медали, посебно поради тоа што женскиот клуб е формиран само пред неколку денови, а веќе има државен првак и второ и трето место.