Press "Enter" to skip to content

Пелистер со победа над Пролет стави крај на сезоната која не е за паметење (фотогалерија)

Пелистер – Пролет 36:27 (17:15)

Сезоната која нема да остане во сеќавање за љубителите на ракометот и љубениците во Пелистер вечарва заврши со победа на “пелистерци“ над екипата на Пролет, во натпреварот од последното коло од плеј-офот.Ракометарите на Пелистер  со овие нови и последни бодови завршува како петти на табелата, без излез во Европа.Натпреварот започна во знакот на “пелистерци“ кои на стартот поведоа со +3, а во во вториот дел од првото полувреме Пролет намали на 10:8 во, а потоа во само на -1 гол, за на крај од полувремето да биде два гола предност за Пелистер, 17:15.Во знакот на левото крило Поповиќ започна вториот дел, а постигна серија голови за водство од +4 за Пелистер (24:20). Потоа мотивацијата со победа да се заврши сезоната беше на страна на домаќинот, а со восико +11 заврши натпреварот. Најефикасен во редовите на Пелистер беше Поповиќ со 12 постигнато гола, а Кобетиќ постигна десет гола.Натпреварот го судеше битолската судиска двојка ЕХФ судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.По завршувањето на сезоната, шампион е Вардар и ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите, Куп-победникот Металург, Еурофарм Работник и Бутел ќе играат во ЕХФ Купот.Во регионалната СЕХА лига ќе играат Вардар и Еурофарм Работник.