Битолчанецот, репрезентативниот голман, 33-годишниот, Никола Митревски е новото големо засилување на Еурофарм Работник
Никола Митревски го стави својот потпис на договорот со Еурофарм Работник, само еден ден по завршувањето на Супер лигата во ракомет.
Последните две години Миттревски ги помина во романската екипа Доброгеа Суд, а претходно како интернационалец бранеше во Бенфика.
Митревски ја почна кариерата во Пелистер, а во домашното првенство бранеше и за Вардар и за Металург.
Репрезентативецот треба да му помогне на тимот следната сезона во СЕХА лигата, но можеби и во Лигата на шампиони, а “фармацевтите“ ќе добијат одлична опција на голманската позиција за наредната сезона во која се изборија за историски пласман во СЕХА лигата.
Во Еурофарм Работник деновиве треба да се официјализира и трансферот на словенецот Ратајац и Танкоски од Металург.






