Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник домаќин на завршницата на шампионатот за кадети

Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја доби организацијата на завршниот турнир на шампионатот на Македонија за кадети.

Битолскиот клуб в недела во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ги организира полуфиналните и финалниот натпревар.

Во полуфиналните натпревари се среќаваат:

10,30 часот: Еурофарм Работник – Прилеп 
12,30 часот: Вардар – КЛ7 Струга

Победниците од полуфиналните натпревари ќе се сретнат во финалето и натпреварот за титула шампион на Македонија в недела во 19,30 часот, а натпреварот за трето место ќе се одигра во 17,30 часот.