На 01.06.2019 во 11,15 часот полициски службеници од мешовит патролен тим составен од полициски службеници од Полициската станица за гранични премини “Меџитлија“ и полициски службеници од Србија, во село Живојно, привеле две лица кои нелегално ја преминале државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија.
Од извршената проверка на идентитетот е констатирано дека се работи за Л.Х. (21) и И. Б. (24), и двајцата од Република Албанија.






