Press "Enter" to skip to content

Од Битола до Ниже поле се возеше вело-трка од ридското првенство (фотогалерија)

Битолските велосипедисти во силна конкуренција имаа четири пласмани за медали.

Велосиперскиот клуб 15 Мај од Битола заедно со велосипедската федерација на Македонија беа организатори на велосипедска трка која се бодуваше за Државното ридско првенство.Трката чии старт беше на плоштадот “Магнолија“ во Битола, беше во должина од 16 колометри, целта беше во ски-центарот “Ниже поле“.-Ова е втора трка која ја организира нашиот, битолски велосипедски клуб 15 Мај, што е потврда за тоа дека сме клуб кој има потенцијал да организира вакви трки, но и клуб кој има квалитетни велосипедисти кои се рамноправни со велосипедистите од другите македонски клубови. На трката зедоа учество повеќе од 60 велосипедисти кои и ја извозија без проблеми патеката од 16 километри, рече Африм Јусуфи, организатор на денешната трка, од клубот 15 Мај.Битолските велосипедисти одлични се претставија на оваа трка, а мадели освоија:

-Христијан Атанасовски, второ место, У-13

-Филип Темелковски, трето место, У-13

-Златко Гецовски, трето место, мастерс

-Цвета Давкова. второ место, жени.До крајот на сезоната Битола ќе биде домаќин на уште две трки, “критериум“ која ќе се вози по Булеварот “1-Мај“ и вело кросот во Градскиот парк. Инаку, првата трка која ја организира ВК 15 мај беше вело-кросот “Трофеј Битола“ во градскиот парк во Битола, додава Јусуфи.