Олимпија – Младост 32:44
Кошаркарскиот клуб Младост со пионерската екипа, деца родени 2007/8 година, имаа гостување во Лариса, Грција, каде одиграа пријателски натпревар со екипата на домаќините, Олимпија.

За ова гостување во Грција, тренерот Горјан Стојановски, по враќањето во Битола ни рече:
-Долги години правевме напори да најдеме екипи во Грција со кои би можеле да играме пријателски натпревари, а секако и да играме на турнири, а тие екипи да ни гостуваат во Битола. Ова гостување во Грција е реализирано со помош на тренерот Стерули Андоновски, а одигравме пријателски натпревар против екипата на Олимпија од Лариса. Иако резултатот не беше во прв план, младите кошаркари се израдуваа на победата над своите врсници, а победата беше убедлива.

По натпреварот младите кошаркари имаа и часови за одмор, кои ги искористија за посета на туристичкото место Неа Пори, каде го имаа и првото уживање оваа година во водите на Егејското море.
КК Младост веќе работи на новото гостување во Грција, кое ќе биде во градот Волос.






