На 3 Конгрес на акушерки на Република Србија со меѓународно учество под мотото “Знаење, вештини и емпатија-тројството на породувањето“, кој се одржа од 24 до 26 мај во Белград, Република Србија, учествуваа четири медицински сестри од болница “Плодност“.
За прв пат, покрај учеството, со своја презентација се претстави одговорната сестра на операционите сали и ИВФ одделот Анета Јошевска Дамчевска, на тема “Улогата на медицинската сестра во ИВФ одделот“, со што всушност се изврши презентација на дел од работењето на Болница “Плодност“ пред присутните учесници.
На конгресот, покрај Јошевска Дамчевска, учествуваа и медицинските сестри –акушерки Надица Нешковска и Александра Димовска, како и Силвана Божиновска, медицинска сестра во одделот неонатологија.
На овој престижен меѓународен конгрес, присуствуваа медицински сестри од сите земји на поранешна Југославија, како и од Велика Британија. Ова беше одлична можност за нашите претставнички да ги разменат искуствата со своите колешки од регионот и пошироко, како и да го зголемат својот капацитет на знаење, за што добија и соодветни сертификати.

Презентација на дел од работењето на “Плодност“ на конгрес на акушерки во Србија (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен





