Битолчанецот Ристо Димитров Чурино по пауза поголема од две години в сабота во Нашице, Хрватска, ќе се бори во профи меч, на ММА вечер на која ќе настапат звучни имиња од Балканската ММА сцена.
За своето враќање во ММА борните Чурино вели:
-Поради големиот број на обврски кои ги имам во Оман, каде живеам и работам се оддалечив малку од борбите, но по пауза од повеќе од две години се враќам на рингот. Првиот меч ќе го имам в сабота на 8 јуни, против Михајло Рајиќ од Србија, а морам да напоменам дека на рингот ќе има и други квалитетни ММА борци како Шумиќ, Кокора и други.
За очекувањата од мечот и како е подготвен Чурино вели:
-Иако за противник имаа млад ММА борец, тој има големо искуство во професионалниот бокс, кик-боксот и ММА и нема да биде ни малку лесно. Затоа зариозно се подготвувам, засилено подолго од месец, а подготовките ги правам во UFC GYM Oman, каде имам одлични услови, а тука се подготвуваат борци од цел свет. Со мојот тим направивме анализа на мојот противник, има добар “stand up“, долг досег на рацете и нозете, но јас влегувам да победам. На два дена пред мечот сум подготвен во секој сегмент, планот за борбата е разработен, јас сум во одлична физичка и писхичка кондиција, и по две години “гладен“ за борба и победа и сакам да се вратам на голема врата.
Ристо Димитров, утре директно од Оман ќе пристигне во Хрватска, а само да додадеме дека борбата на Чурино и Рајиќ е главна борба, а упати и посебен поздрав до неговите верни поддржувачи од Битола, кои како рече се секогаш со него.
С.Ристевски






