Денес на пладне во салата за изложби на Националната установа Завод и Музеј – Битола беше отворена изложбата “Еден век археологија во Битола“.
Изложбата за отворена ја прогласи директорот на НУ Завод и Музеј од Битола, д-р Мери Стојановска.
-Оваа изложба ја поставивме и ја отворраме во насока на одбележување на еден век од првите археолошки ископувања во Битола и битолско, па и затоа го носи насловот “Еден век археологија во Битола“. Низ соодветен фото и документациски материјал, преку изложбата, битолчани и остантите намерници во Битола ќе можат да ги проследат активностите на неколку генерации археолози, и други колеги кои работеле во завод и музеј“ во Битола, а работеле на археолошките истражувања.
На изложбата беа присутни голем број од археолозите во Битола, а нив честитајќи им го овој редок јубилеј сто години археологија во Битола, ги поздрави и заменик градоначалникот на Битола, Емилија Костурски.

Отворена изложбата “Еден век археологија во Битола“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Венко Андоновски во Битола: книжевноста како отпор кон бесчувствителноста
- Во Битола 9. издание на Jazz Factory Festival 2026 – Национална џез платформа
- Изложба на Перо Спироски – Пипо, исклучителниот автор на пејсажот, во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Преполна сала во Битола – силни емоции: мјузиклот за Freddie Mercury како вистински сценски спектакл (фотогалерија)
- Венко Андоновски ја наполни “Утопија“ пред да пристигне





