Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево” – Битола со факти и аргументи за немилиот настан кој се случи во базенот на 12.06.2019 година

ЈП “Стрежево” – Битола уште еднаш изразува жалење заради згаснувањето на еден млад живот и упатува длабоко сочуство до семејството на младото девојче.

Исто така, во моментите на оваа голема тага чувствуваме потреба да го демантираме соопштението на закупецот на деловниот просторот, во чии комплекс е и компензациониот базен, каде се случи немилиот настан, истовремено фрапирани од интриганските и манипулативните изјави на Компанијата “Мегагруп“ кој се сосема несоодветни за овие моменти.

Во интерес на вистината, поткрепена со неспорни аргументи, компанијата “Мегагруп“ не е концесионер на објектите, туку ЗАКУПЕЦ во времетраење од 15 години, согласно спроведената постапка и Договорот за закуп на деловен простор бр.03-07/1 од 12.04.2017год, наш бр.03-64/8 од 12.04.2017год. Базенот, кој е дел од цел комплекс со кој располага закупецот е неделив дел, и истиот согласно Одлуката на Управниот одбор е даден на КОРИСТЕЊЕ ПОД УСЛОВИ И НА НАЧИН ПРЕДВИДЕН СО ЗАКОН.

Начинот на кој стопанисува закупецот, компанијата “Мегагруп“, и деловните потези и деловните резултати кој оваа компанија ќе ги остварува во наредниот период, се сосема небитни за нашето претпријатие како закуподавец, се додека компанијата ја плаќа предвидената закупнина.

Во изминатиот период закупецот го користеше базенот како капалиште, факт кој е општопознат и за кој постојат безброј видео записи и видео реклами, а исто така постојат и бројни писмени барања во текот на изминатите 2(две) капачи сезони од нивна страна, за одобрување на безброј барања за превземања на низа активности во и околу базенот.

Одговорно тврдиме дека оваа година до денешен ден НЕ Е ПРИСТИГНАТО известување дека Компанијата “Мегагруп“ оваа капачка сезона нема да го користи базенот и нема да организира разни содржини во истиот.

Уште еднаш упатуваме жалење за овој немил настан кој резултираше со згаснување на еден млад живот, и упатуваме повик до сите страни, да не се фокусираат на оградување од одговорноста за овој немил настан , туку да се превземат сите активности за истото никогаш повеќе да не се повтори.

ЈП “Стрежево” – Битола

Mission News Theme by Compete Themes.