Press "Enter" to skip to content

Мартин Велковски, уште еден репрезентативец, потпиша за Еурофарм Работник

Ракометниот клуб Еурофарм Работник продолжува да се засилува за следната сезона 2019/20. Вицешампионот на Македонија потпиша четиригодишен договор со Мартин Велковски, уште еден репрезентативец.

Десниот бек доаѓа од Металург и ќе биде четврто засилување по Митревски, Маџовски и Ратајац.

Велковски е ракометар кој има искуство од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и ќе биде од голема помош за Еурофарм Работник.

На оваа позиција во екипата се уште и Стјепановиќ и Михајло Петровски.

Еурофарм Работник за неполна една недела на 22 јуни, во Маврови, ќе ги започне подговотките за новата сезона, а предвидено е да бидат доведени уште неколку засилувања.