Press "Enter" to skip to content

РК Пелистер ќе бара и лево крило и лев бек, заминуваат Поповиќ и Кобетиќ

Управата на РК Пелистер ја чека тежок преоден рок бидејќи имаат за решавање неколку персонални прашања, почнувајќи од тренерската позиција, а според најавите ќе останат отворени и местата лево крило и лев бек.

По оставката на Јошко Петковиќ, на клупата на Пелистер седна неговиот помошник Златко Велјановски.

Заминувања од Битола, најавија левиот бек Марко Кобетиќ кој беше најдобар стрелец во клубот, и левото крило Милан Поповиќ, кој само за една сезона благодарение на максималниот учинок и корекнсота стана миленик на публиката.

За Кобетиќ се заинтересирани македонски клубови и имал понуди од странство, а Поповиќ преговара со романски и унгарски клубови.