Press "Enter" to skip to content

Меѓународната ликовна Колонија “Де Ниро“, битолски, а светски бренд (фотогалерија)

-Во хотелот “Де Ниро“ во Битола од 15 до 25 јуни, се одржува по 15. пат Ликовна Колонија “Де Ниро“, на која учествуваат десет уметници и три специјални гости, а организатори се Силвана и Драги Филевски.

-Колонијата ќе заврши понеделок со изложба пред хотел “Де Ниро“, голем хепенинг и концерт на “Фолтин“.Традиционално 15 години по ред во јуни се одржува меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“, на која досега се создадени 450 уметнички дела, а на неа настапиле многу уметници од сите континенти. Годинава на оваа колонија творат 10 уметници и тројца специјални гости, а колонијата ја подготви уметнички совет на Колонијата во состав Панде Птровски, Стојан Ѓуриќ, Драган Ангелковиќ, Владо Ѓоревски, Драган Мијаќ-Бриле, Страхил Ненов и Ките Ристевски.Деновите од 15 до 25 јуни се исполнети со различни активности на гостите од ликовната колонија, овие активности ги координира ликовниот уметник од Битола,  Панде Петровски, кој за колонијата вели:-Како и секоја година уметничкиот совет на колонијата “Де Ниро“ носи програма во која се застапени повеќе активности за сите учесници на овие денови на уметност. И оваа година голем број уметници ќе создаваат дела кои ќе останат во наследство на колонијата. Во официјаниот дел се најавени 10 уметници од Бразил, Шпанија, Индија, Германија, Бугарија… почесни членови во уметничкиот совет се ликовните уметници Сергеј Андреев и Мирослав Масин. Покрај работниот дел за учесниците се организираат и различни активности на запознавање со културнотo наследство на Битола и нашата земја. Посета на антички локалитет Хераклеа, НУ Завод и Музеј Битола, потоа еднодневен излет до Охрид и запознавање со културно-историските споменици на градот, а ќе се посети и куќата на Никола Мартиновски.На оваа колонија просутни се уметниците: Вилсон Нето – Бразил, Даниел Частинет – Бразил, Пипо Алтомаре – Италија, Утпал Баруа –Индија, Мугуел Виларино – Шпанија, Лиса Хакелбег –Германија, Љубисав Милутиновиќ – Србија, Илиана Атанасова Иванова – Бугарија, Вера Дегтиарова – Украина и Татјана Димитриевиќ – Србија.Специјални гости на колонијата се Десислава Ненова – Бугарија, Вернон В. Џонџ – Велс и Лидија Пачемска – Македонија.Сите уметници не го криеја задоволството од начинот на организација на колонијата, условите кои им ги обезбеди организаророт, начинот на работа, а за атмосферата која владее тука, велат дека немаат зборови, и дека ја очекуваат поканата за да бидат тука наредната или друга година. Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“  секоја година и оваа ја организираат  Силвана и Драги Филевски. Оваа  година ликовната колонија слави јубилеј 15 години и по тој повод Драги Филковски  рече:-Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ оваа година се одржува по 15 пат во просториите на Хотел Де Ниро. Во текот на овие 15 години на колонијата учество зеле над 180 уметници, кои направиле околу 450 дела, а кога се зборува за историјата на Колонијата треба да се спомене и тоа дека Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“-Битола во изминатиот период има организирано над 40 изложби во Македонија и надвор од државата. Оваа година ликовната колонија  “Де Ниро“ има ликовни уметници од земји низ целиот свет Бразил, Индија, Украина, Црна Гора, како и почесни гости. И годинава ќе се создадат дела кои ќе останат во наследство на колонијата, а секоја година 2 до 4 од нив  се поклонуваат во хуманитарни цели кои потоа се продаваат, а парите се донираат, и на општина Битола. Моја идеја е сите ликовни дела кои се створиле во текот на деновите на колонијата да заземат свое место  во уметничка галерија, која имаме план да ја отвориме. Тоа ќе биде приватна галерија на колонија “Де Ниро“, таму  каде ќе биде сместено цело ликовно богатство од досегашните ликовни колонии. Оваа година како новина е организирање на завршен настан, ликовна изложба, со дела од минатата колонија, кои ќе бидат изложени пред хотелот “Де Ниро“ со настап на групата “Фолтин“ и едно зедничко дружење на уметниците и други гости на колонијата. Целта на ликовната колонија “Де Ниро“ покрај крестивно изразување, творење е и ширење, создавање на нови врски, пријателства, контакти…Драги Филевски веќе размислува за колонијата во идната година и додава:-Од наредна година Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“ се сели во подпелистерието, во село Цапари и го напуштаме овој простор во кој сме 15 години. Станува еколошки ориентирано здружение, кое ќе промовира зголемување на свеста кај населението за чиста и здрава животна средина и почитување на мотото “Користи повторно, намали, рециклирај“.Ние ќе се залагаме со активности да ја подигнеме свеста за зачувување на животната средина, а од отпадните материјали кои ќе останат од боите и другите матријали кои ги користат уметниците, да се создадат уметнички дела.Во име на уметниците за колонијата зборуваше Мирослав Масин, кој оваа година е почесен гостин.-Јас од сегашните уметници имам најголем стаж, но тука не сум од почетокот туку од некоја трета или четврта по ред колонија, од кога датира и пријателството со Драги Филевски, а тоа го напишав и каталогот за оваа година. Морам да кажам дека Битола е посебен град за мене, а колонијата е прекрасна. Клишето на секоја колонија, размена на искуства, создавање на дела овде е надолнето со одлична атмосфера и работна енергија. “Де Ниро“ колонијата е светски бренд за Битола, а можам да ја споредам со фестивалот “Браќа Манаки“, тоа што е во светот на филмот, колонијата е во светот на уметноста.  Завршниот настан со  ликовна изложба на дела од минатата година к ќе бидат изложени пред хотелот „Де Ниро“  во понеделник. Настанот ќе биде збогатен со настап на групата “Фолтин“, а сето тоа ќе биде уште едно зедничко дружење на сите учесници, ликовните уметници, гости на колонијата, а поканети се и сите битолчани.Жанета Ристевска, фото: С. Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »