Press "Enter" to skip to content

Тројца млади уметници од Санкпетерсбург настапија во Битола (фотогалерија)

Ана Грот, Камиљ Мухаметдинов и Алексеј Савинков од Санктпетербуршкиот Дом на музика настапија во Малата сала Центарот за култура во Битола.Тројцата млади уметници од Санктпетербуршкиот Дом на музиката предизвикаа големо внимание кај битолската публика, која ја преполни Малата сала, а се бараше и столче повеќе.Ана Грот  насрапи со изведби на пијано, Камиљ Мухаметдинов на виолончело и Алексеј Савинков на обоа, а иако темпрературата беше висока, сепак се потрудија и дадоа максимум на својот настап.Концертот беше организан во соработка со Центарот за култура во Битола, претставништвото на државната агенција Росcотрудничество, Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола 

More from КултураMore posts in Култура »