Press "Enter" to skip to content

КК Младост се враќа од Задар со две трети места (фото)

Младите кошаркари на КК Младост се враќаат во Битола од 15. межународен турнир со две трети места, кои ги освоија машките од генерацијата 2003 година  и женските родени 2003 година.
-Ние сме редовни учесници на овој меѓународен кошаркарски турнир во Задар, а и тие се наши гости на нашиот Велигденски турнир. Со силна конкуренција освоивме две трети места, што за нас е голем успех, а секако оовј турнир го искористивме  и за се дружиме сите заедно на крајот од сезоната, вели Горјан Стојановски, тренер на КК Младост.
Големо признание доби и кошаркарот на КК Младост, Огнен Сливовски, кој во категорија машки, родени 2007 година и помлади се најде во идеалната петорка.
More from СпортMore posts in Спорт »