Аикидо федерацијата на Македонија, со седиште во Битола го врши последните подготовки за големиот настан полагање за ДАН појаси.
Претседателот на Аикидо федерацијата на Македонија, за ова полагање вели:
-Пред една седмница во Кочани имавме подготвителен семинар за полагање појаси, а полагањето ќе се одржи во Битола, в сабота на 29 јуни. Будо центарот ќе биде домаќин на аикидо семинар и полагање за мајсторски – црни појаси, односно дан-полагање, во организација на Аикидо федерацијата на Македонија. Очекувам да има голем број на пријавени кандидати, според тоа како се подготвуваа кандидатите кои ги следев на подготвителниот семинар и на другите семинари и тренинзи кои ги посетив, вели Ѓуро Илиќ, претседател на комисијата за полагање на ДАН појаси.
Овој семинар и полагање ќе биде во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј 50 години џудо-клуб Пелистер, за што Илиќ вели:
-Оваа година е јубилејна, а овој семинар е вклопен во програмата за прослава на 50 години џудо клуб Пелистер. Гостин на семинарот ќе биде Ана Врачаревиќ од Белград, која ќе биде дел од стручната комисија за полагање, а ќе има и презентација на семинарот.
Фотографии: Владимир Крстев






