Press "Enter" to skip to content

Пионерската репрезентација во одбојка на подготовки во Битола за Балканскиот шампионат

Од денес во Битола, македонската пионерска репрезентација ги започнуваат последните подготовки на кои 21 одбојкарка ќе се обидат да го минат последниот филтер.

Во Битола се веќе селекторката на репрезентација, Ема Јаничич и координаторката Ема Терзиевска, па заедно со тренерот Владимир Трифуновски ќе ги одработат последните тренинзи пред почетокот на Балканскиот Шампионат.

-Битола втора година по ред ја доби довербата од ОФМ да биди домаќин на овие припреми, за што ние како клуб сме благодарни и ќе сториме сѐ за овие девојки да добијат најубави услови за тренинг. Салата при Медицинско училиште е подготвена да ги пречека нашите репрезентативки, велат од одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј, домаќин на репрезентацијата.