Press "Enter" to skip to content

Извлечена жребката: Еурофарм Работник во “Ц“ групата со Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бидасоа и Спортинг

Еурофарм Работник ја почнува групната фаза во средината на сепрември против португалскиот претставник, Спортинг, а ја завршува против Бидасоа од Шпанија.

Еурофарм Работник, македонскиот вицешампион, сезонава ќе дебитира во ракометната Лига на шампиони, а денеска ги дозна противниците во елитното натпреварување, кадешто титулата ја брани скопски Вардар.

Еурофарм Работник за противници во “Ц“ групата ќе има пет екипи: Савехоф, Татран Прешов, фински Кокс, потоа Бидасоа Ирун од Шпанија и португалски Спортинг.

Фармацевтите во групата “Ц“ според првите информации за противниците, за ривали ќе има состави кои не отскукнуваат со својот квалитет, односно тимови против кои ќе можат да бараат бодови во групната фаза, на свој и гостински терен.

Еурофарм Работник ќе го почне настапот во групната фаза, а на домашен терен во првото коло, во првиот натпревар од Лигата на шампиони, ќе ја пречека екипата на Спортинг Лисабон во период од 11 до 15 септември.