Босанскиот ракометен репрезентативец, Марин Вегар ќе биде новиот лев бек на тимот на Еурофарм Работник, во натпреварите во СЕХА лигата и Лигата на Шампиони, каде ќе се натпреварува оваа сезона.
Ракометарот Марин Вегар доаѓа од редовите на романската екипа Стеауа, a настапува и за селекцијата на БиХ. Во својата кариера има играно и за Извиѓач и Нексе, а Стеауа му беше последниот клуб.
Вегар е петтото по ред засилување за екипата на Еурофарм Работник. Претходно својот потпис на договорот во “фармацевтите“ го ставија македонските репрезентативци Митревски, Велковски и Маџовски и словенечкиот интернационалец Ратајец.






