Сега е право време да се започне со поинтензивна нега и длабока хидратизација на лицето и да го подготвите за претстојните летни денови ви препорачуваат од салонот на “Уна нова“ .Во летниот период и жешките денови, потребна е посебна нега на кожата на лицето која заради топлото време и изложеноста на сонце ја губи хидратацијата, а со тоа и еластичноста. Заради тоа кожата на лицето може да изгледа сува и без сјај, а со подолго изложување на сонце појава на пеги и бори. Совети за нега и третмани за хидратизација ќе добиете од тимот на “Уна нова“ , тука се и други изненадувања кои ќе ги добиете во промотивниот пакет со цена од 2.000 денари и 6 последователни третмани со препарати од линијата на “JANSSEN COSMETICЅ“.
Со комбинација од 6 третмани за хидратизација добивате ново освежување на кожата од лицето.-Маска од зелен чај, маска од диња, хијалурон и ултразвук надополнети со масажа за лице и деколте… Ефектите од овие третмани се видливи веднаш, блескава кожа, свеж изглед, длабока хидратзација, зголемена еластичност, се намалуваат проширените пори, измазнуваат борите, се стимулира колагенот и регенерацијата на кожата. Секој третман од пакетот пооделно има различно дејство и ќе добиете освежена на кожа на лицето кое и ќе биде подготвено за сончање, советуваат од “Уна нова“
Салонот се наоѓа во “Пелагонска 2“ на 1 кат улица “Климент Охридски“.