Иако малку задоцнето, со оглед дека “Hamachi Pelister Downhill Cup#7“ се одржа пред околу еден месец, сепак сакам да ја задржам традицијата да објавувам сеќавања приближно на денот на случувањата, доколку е можно, започна Димче Миновски, за денешното сеќавање.
Миновски се присетува и не потсетува на првата трка “Pelister Downhill“ која пред десет години во 2009 година се одржа отприлика во ова време.
-Јас бев на Пелистер и за прв пат видов во Битола, односно на Пелистер да се одржува една велосипедска трка низ планина. Беше атрактивно, а храбрите битолчани се возеа низ Пелистер, како низ паркот во Битола. Се сеќавам на мал дел од учесниците на првата трка на Пелистер, но да не ги навредиме останатите, нема да споменувам имиња, туку, во договор со Сашо, се одлучивме првите учесници, кои се на фотографиите, сами да се препознаат, вели Димче Миновски, доајенот на битолското и македонското новинарство.
Инаку, годинава се одржа дека “Hamachi Pelister Downhill Cup#7“, а не се десет трки бидејќи имаше прекин во одржувањето поради свлечиштето на патот до Бегова чешма.

Деновиве пред 10 години: прва трка “Pelister Downhill“ од Копанки до Детското (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: пропадна камион на Широк Сокак во Битола
- ФК Јени Маале од Битола на традиционалната 33. по ред забава, “Којотите“ со најава за гостување во Лисабон (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: за првпат извршено стентирање на периферните крвни садови на нога во болницата во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Мегленци се снимаше долгометражниот игран филм “Скршено“ (фотогалерија)
- Неформална годишна средба со новинарите од Македонија и медиумска посета на “Бимилк“ – Битола (фотогалерија)





