-Пред 10 години, во ова време во 2015 година во Одделот за интервентна инвазивна кардиологија во Клиничката болница во Битола, за првпат се изврши стентирање на периферните крвни садови на нога, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хрничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Интервенцијата е извршена во колаборација и во присуство на лекарите од Клиниката за кардиологија од Скопје, кои пред три години, под водство на проф. д-р Сашко Кедев, помогнаа да започне стентирањето на коронарните крвни садови во болницата во Битола, Д-р Ненси Лозанче, супспецијалист-кардиолог во Клиничката болница, која интервенцијата ја изврши во присуство на скопските лекари.
Тогаш се информираше дека освен стекнатото знаење преку соработката со врвните македонски експерти, за воведувањето на оваа метода, придонесе и проектот на Министерството за здравство за ширење на ангиографските лаборатории.
-Со современата апаратура во Клиничката болница дијагностицирањето е многу често, и дијагностиката е многу подобрена, и со самото тоа овие интервентни процедури. Овие интервенции се почести кај пациентите кои боледуваат од дијабетес, артериосклероза и зголемен крвен притисок, така што сега полесно се дијагностицираат и создадена е можност место со операција проблемот да се реши само со стентирање, вели супспецијалистот-кардиолог, Ненси Лозанче.
Стануваше збор за поспецифичен зафат во стентирањето на коронарните крвни садови, метода која во битолската болница се изведувала од 2012 години и има солидни резултати.

Деновиве пред 10 години: за првпат извршено стентирање на периферните крвни садови на нога во болницата во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










