Велосипедистите на велосипедскиот клуб “15 мај“ викендов возеа трка од државното првенство во категоријата хронометар и имаа три пласмани меѓу најдобрите, кај Стоби на која учествуваа 150 велосипедисти од сите клубови.
Младиот битолчанец Христијан Атанасовски е државен првак во велосипедизам во категорија хронометар во конкуренција У-13, а тоа е најмалата конкуренција.
На ова трка второпласирана е Цвета Дафева, која исто така во силна конкуренција го освои второт место во категорија жени, а Златко Гецовски го освои истото место во категорија мастерс.
-Ова беше тежок за тест за сите велосипедисти и за моите бидејќи жешкото време ги погоди сите. Но, тројцата кои имаа пласман меѓу најдобрите помажаа и дека таму им е местото. И останатитр добро извозија по пак ќе повторам мнигу тешко време за натпреварување. Но, иако се тампературите вакви како што се ние продолжуваме по календатор на федерацијата, вели Африм Јусуфи, тренер на велосипедистите на “15 мај“ од Битола.

Атанасовски прв, Дафева и Гецовски второпласирани во хронометар (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола





