Полагањето за мајсторски појаси и семинарот во рамките на прославата 50 години џудо клуб Пелистер, полагањето го водеше претседателот на комисијата за полагање Ѓуро Илиѓ, а гостин беше Ана Врачаревиќ од Србија. 

Викендов во Битола се одржа полагање за масјторски појаси први дан во аикидо во организација на Аикидо федерацијата на Македонија и Будо центарот Пелистер, при што носители на црн појас станаа шестмина аикидисти.

Полагањето го водеше сенсеи Ѓуро Илиќ, а членови на комисијата за доделување на мајсторски титули уште беа сенсеи Дејан Чавков и гостинот во комисијата, воедно и претседател, сенсеи Ана Врачаревиќ, носител на мајсторски појас 9 дан.
-Стекнувањето на нови детски данови и за возрасни -јуниори е потврда дека АФМ се движи во вистински правец и дека секојдневно, со систематска работа на најголемиот дел од тренерирте, реалното аикидо во нашата држава чекори со голем чекори напред и наскоро треба да очекуваме значајни резултати на меѓународен план во реалното аикидо-форми, изјави претседателот на Федерација Ѓуро Илиќ.
За црн појас први дан положија: Кирил Апостолов од КРА Нико од Кочани, Илија Танев од Маруи од Скопје, Филип Боегски од Кеико-Скопје, Борјан Тошевски – Кеико, Александар Лозановски – Пелситер од Битола, Дејан Митев, Станче Минов и Кирил Јованов – Нико.
Ана Врачаревиќ, носител на мајсторски појас 9 дан го водеше и семинарот што се одржа истиот ден, а наскоро ќе биде и големиот меѓународен семинар кој ќе се одржи во хотел “Молика“.





