Владислав Остроушко, засилувањето на Еурофарм Работник во последната најуспешна сезона деновиве си замина од Битола и ќе настапува за новиот клуб од Романија, Дунареа Калараши.
Остроушко одигра добра сезона во Битола и беше еден од најдобрите играчи на “фармацевтите“, но не се договори со клубот и се збогува со соиграчите, на кој им посакал среќа во идната сезона.
Украинскиот репрезентативец експресно пронајде нов клуб, романска Дунареа Калараши, каде е тренер Сергеј Бебешко, кој е и селектор на Украина, а ќе го гледаме против македонската репрезентација на Европското првенство во Австрија 2020 година.
Остроушко пристигна во Еурофарм Работник од турскиот клуб Селкаспор.






