Хрватскиот репрезентативец, Ловро Јотиќ, и официјално е нов член на Еурофарм Работник. Тој доаѓа од ППД Загреб и треба да биде огромно засилување за битолскиот суперлигаш. Јотиќ вчера ги мина лекарските прегледи и официјано стави потпис на договорот до крајот на следната сезона.
Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор, а 24-годишниот загрепчанец ќе биде замена за неколку ракометари на оваа позицијата кои го напуштија клубот.
Јотиќ е трето интернационално засилување за тренерот Алушовски по Словенецот Ратајац, кој дојде од шампионатот на Австрија и Марин Вегар, кој пристигна од Романија.
Хрватот ќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб од 21 јули кога официјално ќе започнат подготовките.






